Дневен хороскоп – 07.03.2016

zodiac-signs02

Овен (21.03 – 20.04)

Околината ве повредува. Тоа е причина за крајниот негативен став, кој овие денови ве обзема. Доколку се дистанцирате, постои шанса да го ублажите незадоволството. Материјалната загуба негативно ви влијае на мотивацијата. Чувствувате дека сите ве изневериле, особено соработниците.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Благодарение на исклучителниот оптимизам и душевната сила ќе постигнете чуда. Сите работи ги извршувате со љубов. Максимално им се предавате на нештата, кои го привлекуваат вашето внимание, што нема да остане незабележано. Преголемата чувствителност е од чиста субјективна природа.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Денес треба да најдете баланс помеѓу работите кои ги правите во различни сегменти од животот. Нема да можете истовремено да работите, учите и да бидете со партнерот. Подредете ги приоритетите и почнете со ред. Денот е поповолен за дружење со партнерот, отколку за работа и учење. Искористете го паметно.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Тоа што сте необични денес ќе биде ваше најсилно тајно оружје. Не ја кријте ексцентричноста и не се обидувајте да се вклопите во околината. Ослободете се и забавувајте се со вашата индивидуалност. Ќе ја преземете улогата на лидер во друштвото, па сите ќе чекаат вие да направите возбудлив план за вечерта.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Конфликтната ситуација од вас бара да преземете ризик и да го изберете вистинскиот пат. Не сте свесни колку имате среќа. Со поддршка на некои влијателни лица ќе ги остварите замислените планови. Можни се срцеви проблеми поради нервоза.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Наредниот период ќе функционирате под влијание на значајни промени. Тие ќе бидат добри или лоши во зависност од заслугите. Не сте работно насочени. Свртени сте кон поубави нешта, така што работата е во застој. Слабата меморија не би требало да ве загрижува.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Обидете се да бидете мудри, помалку зборувајте, а повеќе конкретно работете на остварувањето на зацртаните цели. Така, шансите за успех ќе бидат големи. Ви одговара работа во осаменост. Благодарение на неа ги извршувате обврските на задоволителен начин.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Доколку сте ја научиле животната лекција и сте сфатиле дека доброто и лошото се повторуваат, ќе ви биде прекрасно. Во спротивно ќе ја чукате главата во ѕид. Благодарение на нечие внимание ви се нудат нови деловни можности, кои подразбираат и финансиска благосостојба. Не се нервирајте непотребно.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Од вас се очекува максимално да ги контролирате своите постапки, бидејќи околината ќе се обидува на секој начин да ја изгубите контролата. Деловните проекти се поместија од мртва точка и ќе ви донесат материјална добивка. Наредните денови се одлични за учење, за занимавање со психолошки теми.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Функционирате во идеалистички концепт. Уште ако не успеете да се разочарате ќе биде прекрасно. Задоволете се од сопствената предност во извесна ситуација. Ве очекува јавен настап, особено ако се занимавате со креативна работа. Паричната ситуација се подобрува. Во релативно добра форма сте.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Уживате во сите убави нешта: љубов, среќа и хармонија на сите страни. Задоволни сте не само од работата, туку и од заработувачката. Кога подобро ќе размислите мотивирани сте за работа. Среќни сте и задоволни и, се разбира, здрави. Единствена опасност се лежерноста и интерноста.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Усогласено функционирате со околината, фамилијата и пријателите. Тие ви помагаат добро да се чувствувате и да уживате во секој момент. Напредокот е неминовен. Постои можност некои работи да ги извршувате во домот и на тој начин да го подобрите буџетот.