Дневен хороскоп – 15.03.2016

zodiac-signs02

Овен (21.03 – 20.04)

Функционирате на најдобар можен начин. Меѓутоа, дали затоа што имате долгови или од некои други причини, би можело да се случи парите да отидат во туѓи раце. Лоша комуникација со партнерот.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Незадоволни сте бидејќи ситуацијата на работното место веќе подолго време не се менува. Ви се препорачува да бидете внимателни и да избегнувате конфликти со надредените. Во љубовта покажувате себичност.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Потребна ви е поголема самодоверба. Мислите дека никој не ве разбира. Ви се советува да бидете многу внимателни како со зборовите, така и со делата со цел да ги избегнете можните проблеми или казната.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Некој сака да ви наштети на тој начин што долго време ви дава лоши совети. Можете да се потпрете на помошта од блискиот пријател. Можна е љубов со лице кое е далеку. Здравствената ситуација е добра и можете да бидете задоволни.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Ќе направите се што е потребно за да ја промените работната околина. Ве очекува пријатно изненадување од партнерот. Можни се разговори со некои блиски членови на семејството. Потребно ви е повеќе сон и одмор.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Ве очекува повик за сериозен деловен разговор. Сепак, на крајот се добро ќе се заврши, бидејќи ќе донесете паметна одлука и ќе бидете добро расположени. Потребна ви е поголема поддршка од страна на партнерот.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Ве очекуваат пријатни вести. Ќе успеете да го реализирате она што сте го замислиле. Ќе почувствувате зголемена потреба за љубов. Емоциите ќе бидат насочени кон некоја стара љубов или некое повозрасно лице.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Свесни сте дека на лошите случувања ќе им дојде крајот. Конечно работите ќе тргнат на подобро. Ќе посакате да ги подобрите условите во кои живеете, а од желбата до реализацијата не сте далеку.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ви се дава шанса за напредување. Со оглед на тоа дека сте исклучително емотивни и дека длабоко го преживувате тоа што ви се случува, не е чудно што ве сметаат за чудна личност. Со причина или не, вашите блиски лица ќе уживаат покрај вас.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Токму кога помисливте дека се тргнало на лошо, ќе се појават позитивни случувања. Можено е да се преселите. Можна е расправа и конфликт со лицата кои ви се драги. Внимавајте на храната, можна е појава на алергија.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Не ви се препорачува да започнувате било што ново. Не навлегувајте во никакви сомнителни работи. Можни се недоразбирања со блиската околина. Сепак, не е се така лошо, можно е убаво патување со саканото лице.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Некој ќе ви пружи рака за помирување и поради тоа ќе се чувствувате задоволно. Ќе добиете некои пари кои можеби не сте ги очекувале. Односите во бракот се лоши, а ако сте сами, времето не е баш поволно за пронаоѓање на партнер.