Дневен хороскоп – 17.03.2016

zodiac-signs02

Овен (21.03 – 20.04)

Околностите ќе ве наведат на некои несоодветни потези за кои нема да имате објаснување. Денес избегнете ги критиките, затоа што и вие ќе ги бирате полесните опции. Потребна ви е сериозна дискусија на љубовен план, толеранцијата не ве води никаде.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Задлабочени сте во вашите лични реалности, а во исто време се обидувате да ги завршите секојдневните обврски и задачи. Работите ќе се одвиваат едноставно и без многу напор од ваша страна. Вашиот живот во овој ден ќе биде богат и променлив.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Бидете сталожени, не ви е потребнa нервозата во овој момент. Имате премногу обврски и не можете да ги следите вашите соработници. Очекувате дека сакана личност ќе заземе некаква заштитничка улога. Наместо тоа, застанете на свои нозе.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Понекогаш различните обврски можат да бидат товар, но тоа не е оправдување за неодговорно завршената работа. Обидете се да поттикнете кај себе поголема одговорност. Во семејните односи покажете повеќе доверба. Секому му е потребна емотивна поддршка.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Потребно е да испланирате различни детали кои делуваат позитивно на околината. Доколку имате сериозна врска потребно е да се ослободите од непотребната недоверба или од емотивната кочница која вас ве спречува во слободното изразување. Потпрете се на својата интуиција.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Некои сомнежи од минатото повторно се присутни. Ќе бидете притаени и постојано ќе размислувате. Можеби ви се потребни одговори на некои прашања од минатото. Доколку сте во брак или врска, покажете поголемо разбирање за психичката отсутност на партнерот.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Денес ве очекува напорен ден. Не трошете премногу време на туѓите проблеми и подгответе се за извршување на вашите задачи. Денес ѕвездите се отвораат кон вас и ви носат можност за нови средби, нови пријатели, нови задолженија. Бидете посериозни во донесувањето на одлуките.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Нема да ги разберете пораките кои ќе ви ги испрати некое блиско лице. Ќе се нервирате бидејќи погрешно ќе го разберете залагањето на некој роднина во семејните нешта. Ќе мислите дека некој сака да манипулира со вас. На крајот од денот конечно ќе сфатите дека без потреба сте се нервирале.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ако се занимавате со креативна работа, искористете ги ѕвездите кои позитивно делуваат на вас и остварете успех. Овој ден не е погоден за сериозни одлуки, па затоа занимавајте се со нешто креативно и интересно за вас.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Влегувате во период на свежи почетоци, нови можности и идеи кои ќе донесат среќа на вашето лице. Можно е да имате повеќе работа од вообичаено, стиснете заби и издржете го бурниот период. Постои можност да запознаете некоја личност која совршено ќе ви одговара во приватниот живот.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Денес посветете им се на пријателите и драгите лица. Ако имате некоја особено драга личност, помогнете и да се чувствува подобро. Денешниот ден ќе ви помине во борба за другите, но сепак на крајот на денот вашето задоволство ќе биде особено големо.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Денес ќе добиете многу информации од сите страни, но нема да имате проблем да препознаете кои се важни, а кои неважни. Некои ќе ви бидат корисни во напредокот, а некои ќе ве забават. Успешно ќе се справите со малите кризи кои ќе се појават на половина од денот, па потоа ќе бидете пофалени.