Дневен хороскоп – 24.03.2016

zodiac-signs02

Овен (21.03 – 20.04)

Ве следи чувство на неизвесност, бидејќи соработниците често го менуваат своето мислење и одлуките. Во ситуација кога на професионален план не се случуваат новитети, ваше најдобро засолниште е партнерот. Сите имаат добри и лоши моменти на успех, па за кратко време ќе успеете да ги повратите старите позиции.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Ќе почувствувате налет на страсти каков што долго време не се почувствувале. Обидете се да го сокриете одушевувањето, бидејќи некој може погрешно да ве разбере. Не сакате премногу да ги откривате мислењата, но бидете свесни дека околината донекаде ги чувствува.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Вашиот партнер ќе биде задоволен доколку ја оставите вашата тврдоглавост на страна и почнете да ги исполнувате неговите желби. Малку попустливост од ваша страна не е на одмет. Попладневното кафе со пријателите е добар избор за денес.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Имате доста креативна енергија, затоа потрудете се да ја употребите на адекватен начин. Ве очекува голема заработувачка. Чувствувате потреба да ја остварите животната цел. Послушајте го внатрешниот глас кој ви кажува кој чекор треба да го преземете.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Ќе разговарате, ќе бидете добро расположени и инспиративни, така што ќе ја разбудите својата околина и ќе ја натерате да ви се придружи во своето веселење. Личниот живот ќе страда поради некои работни обврски, но не грижете се, тоа наскоро ќе се реши.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Напнатоста денеска ќе биде доста голема во оглед на тоа колку луѓе ќе сретнете и во кои се ситуации ќе се најдете. Ќе имате силна потреба за стабилност и дисциплина, додека останатите ќе бараат само забава. Ќе останете заглавени меѓу тие два света, а никој нема да биде подготвен за компромис.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Бидете внимателни и избегнувајте темпераментни реакции и детски расправии. Не ја префрлајте вината врз партнерот без објективно да ја погледнете ситуацијата. Ако нешто ви пречи, оладете и анализирајте ги работите пред да се впуштите во напад.

 

Скорпија (23.10 – 21.11)

Денешниот ден ќе изобилува со позитивност и ведрина. Желни сте за пријатели и забава. Чувствувате наплив на емоции кои ќе ве натераат да организирате средби со вашите блиски. Некои од вас ќе успеат да продлабочат некои пријателства и ќе бидат среќни поради тоа.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Некои од вас може да влезат во нови партнерства, но повеќето ќе донесуваат одлуки за тоа каде води нивната моментална состојба. Соработниците ќе ви бидат проблематични. Но и финансиите исто така, затоа не се опуштајте премногу во трошењето.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Ќе можете да се пофалите со голема самодоверба, па искористете ја и направете нешто смело. Претставете ги своите идеи пред колегите или облечете нешто што ќе ве издвои од толпата. Ништо нема да може да ве исплаши или предмисли ако наумите да направите некоја работа.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Ќе стекнете нови пријатели кои исклучително многу ќе ја ценат вашата лојалност. Тоа значително ќе ја подобри вашата позиција на работното место. Ќе добиете многу понуди, но не брзајте веднаш да прифатите некоја од нив. Разговарајте со вашето семејство за ризиците на работното место, една Вага ќе ви го даде најдобриот совет околу тоа.

 

Риби (20.02 – 20.03)

На работа ви претстојат значајни промени, веројатно на подобро, посебно ако се занимавате со приватен бизнис. Доколку ви се допаѓа личноста со кој подолго време се дружите, ќе морате да бидете поупорни во освојувањето. Некој многу сака да ве импресионира.

 

СТОП! ИМАМЕ УШТЕ ИНТЕРЕСНИ СОДРЖИНИ ЗА ВАС: