Дневен хороскоп (28.06.2016)

zodiac-signs02

Овен (21.03 – 20.04)

Доколку денес очекувате важна информација, не правете нервоза околу вас. Тоа што ви е ветено ќе го добиете и нема потреба од правење тензија. Чувствувате дека сте на крај на силите и не можете да се опуштите. Партнерските односи ви се под знак прашалник. Постојано го анализирате партнерот и барате грешки кои ги нема. Само е прашање на време кога тој ќе реагира на сите ваши провокации. Ако сте слободни, денес ќе уживате во комуникацијата со една личност која ја познавате преку социјалните мрежи.

Бик (21.04 – 21.05)

Не ви недостига прилика за забава, а позитивните настани на емотивен план ќе ве поттикнат да се соочите со внатрешните стравови. Денот е одличен за започнување на нешто ново. Верувајте во вашата среќа и искористете ја секоја прилика за истакнување и развој на вашата креативност

Близнаци (22.05 – 22.06)

Имате премногу обврски кои задолжително мора да ги завршите, но ви недостасува време. Побарајте помош од пријателите и завршете ги задачите. Некој пријател од детството ќе ве повика на заедничко патување. Не се двоумете, заминете и поминете си убаво.

Рак (22.06 – 22.07)

Завршете ги важните работи, разговори и состаноци. Ќе бидете многу уверливи и успешно ќе се залагате за сопствените идеи. Храбро ќе влегувате во полемики, дури и кавги од кои ќе излегувате како победник. Ситуацијата во љубовта е нестабилна.

Лав (23.07 – 22.08)

Емотивната состојба е нестабилна и ве принудува на непромислени потези. Нека не ве заплашуваат сегашните проблеми бидејќи во иднина доаѓаат уште посериозни. Ќе пронајдете разумно решение кога ќе се смирите и убаво ќе размислите. Некоја Вага очекува финансиска помош од вас.

Девица (23.08 – 22.09)

Премногу сте занесени со своите работни визии, поради тоа прифатете добар совет кој го добивате од блиски соработници. Нема потреба да се експонирате во непознато друштво, избегнувајте предизвици кои можат да ве оштетат. Ви недостасува промисленост и трпение на средбата со саканиот(ата). Понекогаш постапувате со премногу барања и неумоливо. Со претерување непотребно го иритирате нечие разбирање

Вага (23.09 – 22.10)

Размислувате за зголемување на вашата материјална ситуација. Во текот на денот ќе ви се укаже прилика за наоѓање на нов извор на финасии, но вам нема да ви бидат потполно јасни условите кои ви се нудат. Побарајте совет од вашиот партнер.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Ќе пронајдете одлично решение за проблемите во семејството, ќе ги решите недоразбирањата и во вашата околина ќе завладее мир. Несвесно ќе ги одложите бизнис обврските, а тоа може да ви направи материјална штета. Посвете им се сериозно на обврските.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ве измачува тежината на работата која ја работите, но подобрувањето на финансиската ситуацја ќе ве смири комплетно. Размислете малку околу инвстициите и враќањето на долговите. Ова е среќен ден за вас, поминете го во друштво на вашиот партнер и уживајте.

Јарец (22.12 – 20.01)

Навистина среќен ден за претставниците родени во втората декада, бидејќи ќе сретнат сродна душа со која што ќе споделат незаборавни моменти, а оние Јарци кои се во брак ќе воспостават хармонија со семејството. Нека не ве загрижува досегашната неповолна финансиска состојба затоа што таа почнува да се подобрува. Вашето здравје е повеќе од добро.

Водолија (21.01 – 19.02)

Проблемите во љубовта ќе ви го одвлечат вниманието и ќе ви го одземат времето за извршување на бизнис обврските. Не се расправајте со партнерот за неважни нешта кои само ве одалечуваат. Обидете се да размислите и постапете совесно. Некои финансиски средства кои ги очекувате малку ќе доцнат

Риби (20.02 – 20.03)

Ќе морате да бидете внимателни во новите љубовни обиди. Другата страна би можела да се постави поагресивно нудејќи ви авантура, а вас ви е подобро да не превземате ништо и добро да размислите. Ако сте во сериозна врска можеби ќе влезете во расправии со партнерот и ќе бидете нервозни и чувствителни. Во деловниот живот ќе решавате за некои важни прашања кои се однесуваат за вашиот напредок во кариерата.