Душебаев во тимот на колото

Десниот бек на Вардар, Алекс Душебаев, со играта која ја пружи на натпреварот против Монпелје, заслужи место во идеалниот тим на 14.коло, во Лигата на шампионите.

Image

Вардар во последното коло славеше над Монпелје со 34:26, а Душебаев го предводеше тимот со седум постигнати голови и само едно промашување.

Македонскиот шампион фазата по групи ја заврши на третото место во Б групата и во осминафиналето ќе игра против Висла.

Покрај Душебаев во идеалниот тим на 14.коло се најдоа уште голманот на Барселона Де Варгас, десното крило на Веспрем Гаспер Маргуч, пикерот на Скјерн Бјарте Мирхол, средниот бек на Мотор Запорожје Барис Пуховски, левиот бек на ПСЖ Даниел Нарсис и левото крило на Кил Доминик Клајн.

Осминафиналната фаза во Лигата на шампионите ќе започне на 16.март.