Експлозија во станбена зграда во Малме

Експлозија одекна синоќа во станбена зграда во шведскиот град Малме, јавуваат локалните медиуми.

malme-eksplozija
– Експлозијата се случила во еден од становите – изјави портпаролот на полицијата, Ана Горансон, додавајќи дека причината сè уште се утврдува.

Според податоците од прелиминарната истрага, нема повредени во експлозијата, која се случила во област кај улицата Трелеборг.

– Колку што знаеме, нема повредени, но превентивно поставивме кордон во областа затоа што експлозијата одекна во стан, а повикавме и полициски техничари за бомби – соопшти полицаецот Пол Јухлин за „Експресен“.

Сепак, локалните медиуми јавуваат дека има двајца полесно повредени.
Полицијата соопшти дека од експлозијата искршени се прозорците на зградата, но оти објектот сепак не е евакуиран.