ЕУ: Албанија нема услови за прифаќање на бегалци

Албанија нема услови за прифаќање на бегалци од Сирија и Ирак. Оваа оценка ја изнесе  претставникот на Економско – социјалниот Комитет на ЕУ Иониут Сибиан за време  на една активност на ЕУ во албанскиот град Скадар.

Image (1)
Претставници на албанското МВР во вторникот соопштија преку албанските медиуми дека Албанија е подготвена да одговори позитивно на дел на бегалци кои доаѓаат од завојуваните држави  преку Албанија да заминат за земјите на ЕУ.

Медиумите во Тирана оценуваат дека  во близина на границата на Албанија со Грција има групи на бегалци од Сирија и Ирак кои можно е да побараат влез во Албанија. Истите извори нагласуваат дека сега по конфликтите на бегалците на границата помеѓу Грција и Македонија, можно е големи групи на бегалци да се обидат своето патување кон земјите на ЕУ да го реализираат преку Албанија.

макфакс