Заврши сезоната за Курт Зума

Дефанзивецот на Челзи, Курт Зума, ќе го пропушти остатокот од сезоната и Европското првенство во Франција, поради повредата на лигаментите на коленото.

Image

Зума (21) се повреди при еден доскок на дербито со Манчестер Јунајтед (1:1), кое се одигра во неделата.

„Нашите лекари дијагностицираа оштетување на предните вкрстени лигаменти во десното колено. Курт ќе биде опериран во наредните 48 часа, а очекуваме дека ќе паузира шест месеци“, објави Челзи на својата интернет страница.

Курт Зума оваа сезона е стандарден во тимот на Челзи, тој и кај Мурињо и кај Хидинк има предност во однос на искусниот Гери Кејхил.