Заза го носи Јуве кон шампионската титула

Јувентус го совалда Наполи со 1:0, во дерби мечот кој се одигра во 25.коло, во Серија А и прв пат сезонава се искачи на лидерската позиција на табелата.

Image

Јувентус, против најголемиот конкурент за титулата, ја забележа 15-та последовна победа во шампионатот, а победникот го реши Симоне Заза во 88.минута.

Натпреварот во Торино донесе тактичко надмудрување на двата тима и голема борба на секој дел од теренот.

Двата тима имаа по една голема шанса, Дибала во 15.минута шутираше над голот од десетина метри, додека во вториот дел Бонучи во последен момент интервенираше пред Игуаин.

Решавачкиот момент се случи во 88.минута, кога резервистот Заза се ослободи од двајца играчи на Наполи, упати удар од 20 метри, топката малку го закачи Раул Албиол и заврши зад грбот на Реина.

Јуве по овој меч е лидер во Серија А со 57 бодови, еден повеќе од Наполи. Во наредната рунда Јувентус ќе гостува во Болоња, а Наполи ќе го пречека Милан.