Здравјето е во кората

Луѓето најчесто по лупењето на овошјата и зеленчуците, ја фрлаат кората како отпадок, незнаејќи дека всушност тие фрлаат богатство на хранливи и здравствени придобивки кои се наоѓаат во овие кори.

ideal-kiloya-ulasma-03-700x671

 

Витамини, минерали, растителни влакна се само дел од работите кои не ги искористувате во ваша полза.

Кора од портокал

Кората од портокалот всушност содржи 4 пати повеќе растителни влакна од самата сочна внатрешност на целиот портокал. Таа, исто така, е полна со флавоноиди кои се познати борци против ракот. Д-лимонене е уште една состојка која ја има во портокаловата кора, а е докажана во борба против штетните УВ зраци и го намалува ризикот од рак на кожата.

Проблемот е тоа што кората од портокалот е горчлива и не е вкусна за јадење. За да можете да ја конзумирате, изрендајте ја врз некоја салата и уживајте.

Јаболкова кора

Кората од јаболкото содржи 87% повеќе фитохеникалии кои се борат со ракот отколку месниот дел од јаболкото. Јаболкото за разлика од портокалот и кивито, има повкусна лушпа, па затоа нема оправдување да се избегнува нејзиното конзумирање.

Кора од краставица

Краставицата е одлична ужина помеѓу оброците – но, се разбира заедно со кората. Таа содржи силица која претставува хемикалија која помага во изградба на колaгенот (сврзно ткиво за затегната  кожа и мускули).

Кора од лубеница

За среќа надворешната зелена и тврда кора од лубеницата не ги содржи хранливите состојки, туку здравствените бенифиции се наоѓаат во белиот дел помеѓу црвениот и зелениот дел на лубеницата. Секогаш откако ќе го изедете црвениот дел, јадете го и белиот бидејќи тој ја содржи аминокиселината цитрулин. Оваа аминокиселина помага во опуштање и зголемување на крвните садови со што овозможува одлична циркулација на крвта низ телото.

Кора од киви

Доколку  до сега немате пробано кора од киви, сега е вистинското време за тоа. Влакнестата обвивка се бори активно со инфекции од типот на Ешерихија Коли и Стафилококус. Наместо да ја јадете, ставете го кивито во блендер и направете си смути.

Кора од банана

Таа нуди многу здравствени придобивки. Кората од банана содржи Б6 и Б12, магнезиум и калиум. Таа исто така содржи повеќе влакна од месниот дел на бананата. Друга придобивка е фактот што содржи трипофан, кој што ги зголемува нивоата на серотонин. Истражувањата покажале дека значително се подобрува расположението, а со тоа се намалува ризикот од депресија и нуди стабилизирачко ниво од нагла промена на расположението.

Доколку не сте доволно храбри да изедете сурова кора од банана, можете да ја зовриете неколку минути и потоа да ја изблендате како додаток во вашето смути.