Идентификуван осмиот терорист од париските напади

Иследниците го идентификувале осмиот терорист во нападите од 13-ти ноември во француската престолнина Париз, кој се разнесе пет дена по нападите во еден стан во квартот Сен Дени, како Шакиб Акрух, 25-ти-годишен белгиско-марокански џихадист.

Image

Париското обвинителство објави во четвртокот вечерта дека Шакиб Акрух е идентификуван со споредување на генетскиот профил земен од бомбашот самоубиец, кој загина во текот на полициската опсада на 18-ти ноември во споменатото париско предградие и генетскиот профил на неговата мајка.

Во тој стан загинаа и белгиско-мароканскиот џихадист Абделхамид Абауд, еден од организаторите на нападот во кој беа убиени 130 луѓе, како и неговата братучетка.

Според извор близок на истрагата, името на Акрух кон крајот на 2015 година го соопштило белгиското правосудство врз основа на неговата фотографија. Тој заминал од Брисел на почетокот од јануари 2015 година во Сирија со уште шест или седум лица.

Неговата ДНК е принајдена на „калашниковот“ оставен во автомобилот „сеат“ во квартот Монтреуил, откако би употребен на терасите на париските кафеани каде беа убиени 39 лица. Иследниците сметаат дека Акрух со Абауд и Брахим Абдеслам бил третиот член на оваа група.