Интер со понуда од 79 милиони евра за Алексис Санчез

Новиот тренер на калчолигашот Интер, Франк де Бур, најави револуција во тимот, и враќање на победничките патеки оваа сезона. Тимот од „Џузепе Меаца“ планира да ја засили офанзивната позиција, а раководството на „нероаѕурите“ е подготвено да испрати понуда вредна 79 милиони евра за брзоногиот фудбалер на Арсенал, Алексис Санчез.

aleksis-sancez-arsenal-siti-615x400

Во последните неколку денови, постојано се шпекулира за заминување на напаѓачот Мауро Икарди од тимот, а дел од финансиите треба да бидат потрошени за ангажман на Чилеанецот Санчез.

За него Серија А не е „табу-тема“, затоа што во минатото го носеше дресот на Удинезе, и доколку дојде во Интер, тимот од Милано ќе добие суперквалитетно засилување во напаѓачките редови.

ekipa.mk