Кампања за одговорно сопствеништво на миленици

Агенцијата за храна и ветеринарство, во петок, во 12 часот ги поканува сите граѓани, медиумите, сопственици на домашни миленици и идни сопственици на домашни миленици, на едукативен, промотивен настан кој ќе се одржи кај спомен фонтаната „Тоше Проески“ на детската улица во Скопје.

Image (9)

Овој настан е во рамки на кампањата на Светската организација за здравствена заштита на животните – ОИЕ за одговорно сопствеништво, регионална унифицирана кампања која се спроведува и во Србија, Хрватска, Бугарија, Косово, Албанија и Црна Гора.  На утрешниот јавен, забавен настан учество ќе земат дечињата од Детскиот хор Златно славејче и рок бенд кој ќе ги забавува присутните.

Крајната цел на кампањата за одговорно сопствеништво е јакнење на јавната свест во поглед на одговорноста и грижата на домашните миленичиња, а со тоа и ограничување на пренесување болести кај луѓето како и за контролата на бездомните кучиња.

На настанот ќе присуствува и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство м-р Зоран Поповски.

макфакс