Кога прекинот на врската е вистинската одлука?

Крајот на врската е најчесто тешка ситуација за сите засегнати која носи болка и тага. Освен тоа, со крајот на врската најверојатно ги уништувате сите можности за иднина со конкретната личност.

How-To-Break-Up-with-Your-Sponsor-800x588

Сепак, во некои случаи ставање крај на врската е она правилното. Кои се показателите дека тоа е правилна одлука прочитајте во текстот што следи.

Неверство

Изневерувањето со себе секогаш носи лага, криење и тага – нешта за кои во среќна врска нема простор. Освен ако не се работи за отворена врска, промискуитетното однесување на партнерот е доволно добра причина да ја прекинете врската без никакво чувство на вина. На тој партнер никогаш нема да може целосно да му верувате.

Нема иднина

Добар знак дека крајот на врската ќе биде добра одлука за вас е ако секој пат лога ќе помислите на заедничката иднина, добивате загрижен израз на лицето. Ако не можете да замислите една добра причина поради која со моменталниот партнер би ги поминале следните 20 години, некои нешта треба да ви станат појасни. Доколку уште сега се појавуваат проблеми со кои не сакате да се носите во иднина, време е да ги преиспитате заедничките мотиви и цели за по квалитетна сегашност.

Ве интересираат други

Доколку доста често се фаќате како размислувате за други личности, фантазирате или пак флертувате реално, замислете се зошто тоа го правите? Можеби затоа што меѓусебно веќе не се задоволувате доволно, или вашиот сексуален живот е лош или некоја трета причина. Можеби, на пример, посетувате сајтови за запознавање и таму гледате што пропуштате со тоа што сте во врска. Во тој случај размислете каков е вашиот став за врските и верноста и дали воопшто сакате да бидете во врска?

Уште сега зборувате во еднина

Веројатно многу пати сте забележале или доживеале како луѓето кои се во врска за случувањата и договорите зборуваат користејќи “ние“, а не “јас“. Ова за паровите кои многу време минуваат еден со друг или планираат нешто, е сосема нормално: Всушност, проблемот настанува тогаш кога тоа “ние“ ќе стане “јас“. Доколку забележите дека повеќето нешта ги правите сами и дека при планирањето многу често не го земате партнерот во предвид, треба да се запрашате зошто е тоа така и дали вашата врска воопшто има смисол.

Направивте грешка, но не чувствувате вина

Јасен знак дека вашата врска е во криза е ако не ви е особено гајле за истата. На пример, сте направиле нешто не фер кон партнерот, но некако сте рамнодушни и не ве вознемирува тоа што сте биле неправедни кон него. Недостатокот на почит кон партнерот и не грижата за неговите чувства е јасен знак дека врската не ви е значи и дека нејзиниот крај е многу блиску.

Фантазирате за крај на врската

Доколку мечтаете за крај на врската и олеснување чувствувате само кога размислувате за тоа, запрашајте се што всушност ве држи “внатре“?

Ја повторувате истата грешка

Минатите врски ни служат како многу добро искуство од кое извлекуваме некои заклучоци за иднината. Многу луѓе кога ќе ја прекинат врската и ќе се почувствуваат повредени, често сами на себе си кажуваат дека тоа е последен пат и дека нема така повторно да погрешат. Доколку забележите дека вашата врска тоне на сличен начин како претходната од која сте излегле максимално повредени, подобро е да прекинете затоа што едно такво искуство би требало да ви биде доволно. Во таков случај, со крај на врската би го превенирале повторното патење.

Дали е сега време да тргнете секој на своја страна? Вашата одлука за крај на врската не мора да се темели на горе напишаното. Но, доколку доживувате повеќе од напишаните нешта, крајот би можел да биде една од опциите. Сепак, најдоброто огледало на врската е изразот на вашето лице.