Кутињо паузира до февруари

Фудбалерот на Ливерпул, Фелипе Кутињо, поради повреда на задната ложа, од фудбалските терени ќе отсуствува до почетокот на февруари.

Image

Еден од најдобрите фудбалери на ‘црвените’ се повреди на мечот со Стоук во полуфиналето на Лига купот. Кутињо првиот полуфинален меч, во кој Ливерпул славеше со 1:0, го напушти во 18.минута.

Покрај Кутињо на мечот се повреди и Дејан Ловрен, а исто така е повреден и Коло Туре, овие двајца нема да играат во петок на мечот со Екстер во ФА купот.

„Коло ќе може да игра наредната недела, а Ловрен ќе се врати во тимот по мечот со Манчестер Јунајтед“, рекол тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп.

Германскиот тренер од претходно не може да смета на услугите на Мартин Шкртел, Џордан Роситер, Дивок Ориги и Даниел Стариџ