Ливерпул им застана на патот на Шпанците

Фудбалерите на Ливерпул со пласманот во финалето во Лига Европа и барем за момент ја прекина суровата доминација на шпанските клубови во Европа.

Image (5)

Ливерпул, во четвртокот, славеше над Виљареал 3:0 и во финалето ќе игра против бранителот на трофејот Севилја, која против Шахтјор го избори своето трето финале во низа, а вкупно петто во Лига Европа.

Шпанија, односно Севилја, на 18. мај во Базел, ќе има можност да го освои својот петти трофеј во Лига Европа во последната деценија, а доминацијата шпанските клубови ја продолжуваат и во Лигата на шампионите, бидејќи веќе три сезони пехарот од ова натпреварување е во Шпанија (2014 Реал, 2015 Барселона, 2016 Атлетико или Реал).

Доминацијата на екипите од Принејскиот полуостров ја отсликува и податокот дека сезонава одиграле 18 двомечеви во нокаут фазата и биле успешни 14 пати. Иронично е што само Ливерпул успеа да го разбие нивниот монопол, иако податокот не делува дека е математички точен.

Три од четирите елиминации се случиле во меѓусебните дуели на шпанските екипи: Атлетико ја елиминира Барселона во четвртфиналето во Лигата на шампионите, Атлетик Билбао ја мина Валенсија во осминафиналето во Лига Европа, а потоа во четвртфиналето испадна од Севилја.

И резултатите покажуваат дека клубовите од Примера се далеку пред конкурентите, против тимовите од Премиерлигата победиле на 17 од последните 19 дуели, пред Ливерпул единствено Челзи успеал да слави, во 2012 во двомечот против Барселона.

Во меѓусебните дуели со екипи од Бундеслигата, тимовите од Примера се во серија од десет победи во нокаут фазата каде се играат по два натпревара.

макфакс