Масовно потпишување на петицијата за проверка на резултатите од гласањето на Евровизија

Повеќе од 250.000 луѓе ја потпишаа онлајн петицијата за проверка на резултатите на 61 издание на Евросонг, а во фокусот на покренувачите на петицијата се гласовите на петчлените национални жири комисии, јави Russia Today(RT).

Image
Петицијата насловена „За ревизија на резултатите од натпреварот за песна на Евровизија за 2016“ ја покрена Артур Ховханисијан од Ереван, во Ерменија, кој смета дека конечниот пласман е целосно спротивен со вкусот на гледачите на најголемото европско музичко натпреварување.

Ховханисијан тврди дека премногу луѓе сметаат дека овогодишниот победник не требало да победи.

„Не се сомневаме во праведноста на натпреварувањето и заради тоа и сметаме дека треба да се проверат резултатите“, порача Ховханисијан.

Петицијата до пладне(за два дена) ја потпишаа повеќе од 250.000 луѓе, што е многу повеќе од неопходниот број за сајтот Ćange.org да испрати официјално барање до оној од кого со петицијата се бара нешто.

Претставникот на Европската радиодифузна унија Пол Џордан потврди за РИА Новости дека Унијата знае за петицијата и дека подоцна ќе излезе со соопштение. Тој додаде дека малку е веројатно дека ќе дојде до ревизија.

Во драматична завршница на финалето на Евросонгот победи украинската претставничка Џамала со контроверзната песна „1944“ за прогонот на татарите од Крим.

макфакс