Направи сама: Маска за кршливи нокти

Имајте секогаш негувани раце и нокти со помош на едноставниот третман за зајакнување кој можете да го направите и дома.

nokti1

 

Една од првите работи кои се приметуваат кај една жена се нејзините раце и нокти. Добро знаеме дека негуваните раце и нокти не се само за убав изглед во јавност, туку и за лично задоволство, а и здравје.

Спасот за вашите кршливи нокти може да биде оваа маска, која можете многу лесно и брзо да ја направите сами во вашиот дом. За да биде уште полесно, потребните состојки веќе сигурно ги имате во кујната.

Потребно:
– 2 супени лажици мед
– 2 супени лажици маслиново масло
– 1 кафена лажица сол
– 1 жолчка од јајце

Нанесување:
Ноктите мачкајте ги со смесата два до три пати во денот и оставете ја смесата да стои колку ви дозволува времето, но не помалку од 10 минути.

Веќе по првите неколку третмани ќе го забележите подобрувањето на состојбата на вашите нокти. Едноставно, нели?