Научниците ја откриваат загатката на Ева

Станува збор за најголемата сложувалка што можете да ја замислите, само што за неа нема упатство. Стотици коски се расфрлени по подот на Природонаучниот музеј во Окфорд, а задачата да ги сложи ѝ припадна на др Хилари Кечам, пишува во неделата BBC.

Image

Повеќе од еден час е потребно да се реконструира скелетот на Ева, голем плезиосаурус од периодот на Јурското море, со долг врат и огромни перки. Плезиосаурусите повеќе од сто милиони години владееле со светските океани, пред да изумрат заедно со диносаурусите.

И покрај доминацијата во праисториските мориња, сé уште има многу непознати за нивната биологија, анатомија и еволуција. Станува збор за многу необични суштества, вели др Кечам којашто се грижи за геолошките откритија. „Тоа е вид на влечуга поврзана со другите рептили како диносаурусите, крокодилите, ихтиосаурусите и желките, но сé уште не сме сосема сигурни када да ги сместиме во пошироката слика“, додава.

Останките на 160 милиони години старата Ева ги пронајде во 2014 година група археолози во каменоломот Маст Фарм во близина на градот Питерборо. Откриена е во многу геолошки стар слој од почвата, појас од капри од периoдот јура кои некогаш лежеле под океаните и содржат фосили од морски животни, како што се плезиосауруси и ихтиосауруси.

„Можно е да станува збор за сосема нов вид, или дури и да не е, станува збор за многу ретко животно. Има само неколку фосили од плезиосаурус, особено вака добро зачувани“, додава др Кечам