Најмалку 41 цивил е убиен во вторник во воздушните напади на коалицијата преводена од Саудиска Арабија врз еден пазар во покраината Хаџа на северот на Јемен што е под контрола на бунтовниците, објавија болнички и племенски извори.

Претставник на болницата што ја предводи француската организација Лекари без граници рече дека болницата примила 41 тело и 35 ранети.
Сите жртви се цивили, а меѓу нив има и деца. Конечниот биланс на загинати би можел да порасне. Локален претставник и племенски извори рекоа дека авиони на коалицијата извеле неколку напади на пазарот во местото Мустаба.
Според интернет страницата sabanews, блиска до бунтовниците, коалицијата извела два воздушни напада врз пазарот и ресторан во кои се убиени 65 и ранети 55 цивили.
Податоците на ОН покажуваат дека во судирите во Јемен загинале повеќе од 6.200 луѓе, од кои речиси половина се цивили.