НБА: Кајри го сруши Торонто, Грин со нов ‘трипл-дабл’

Бекот на Кливленд, Кајри Ирвинг, го одигра најдобриот меч откако се врати на кошаркарските терени по тешката повреда, тој блескаше во триумфот над Торонто (122:100). Покрај Кари брилијантен меч одигра и крилниот играч на Голден Стејт, Дрејмонд Грин, кој против Шарлот го забележа седмиот ‘трил дабл’ во сезоната.

Image

Ирвинг, во дербито на Истокот, на Торонто му уфрли 25 поени (10/16 шут од поле) имаше и осум асистенции и само една загубена топка. Покрај Ирвинг кај Кливленд се истакнаа и Џеј Арм Смит (24 поени), односно Леброн Џејмс (20 поени, 7 асистенции).

Торонто го предводеа Кајл Лаури со 23 поени и 10 асистенции, односно Демар Дерозан со 19 поени.

Шампионот Голден Стејт славеше над Шарлот со 111:101, а Дрејмонд Грин стана првиот играч на овој тим кој на три последновни натпревари имал ‘трил дабл’ учинок.

Мечот Грин го заврши со 13 поени, 15 скокови и 10 асистенции. Инаку, Голден Стејт до триумфот го предводеа Клеј Томпсон и Стеф Кари кои постигнаа по 30 поени.

Оклахома, без Кевин Дурент, загуби од Сакраменто (104:116). Демаркус Казинс со 33 поени и 19 скокови беше нерешлива енигма за противниците. Кај Оклахома катастрофален меч одигра Расел Вестбрук, тој постигна 17 поени, но погоди само два од 15-те обиди.

Резултати: Голден Стејт-Шарлот 111:101, Портланд-Мемфис 78:91, Јута-Хјустон 91:93, Мајами-Индијана 103:100, Бруклин-Бостон 94:103, Детроит-Орландо 115:89, Милвоки-Сан Антонио 98:123, Кливленд-Торонто 122:100, Филалделфија-Минесота 109:99.