НБА: Коби како некогаш, Лејкерси славеа над Милвоки

Коби Брајант го одигра најдобриот меч во сезоната, Леброн Џејмс го предводеше Кливленд до победата над Бостон, а Џејмс Харден не можеше да о спречи поразот на Хјустон во Сакраменто.

Image

ЛА Лејкерс ја запишаа четвртата победа во сезоната, откако славеа над Милвоки со 113:95. Коби Брајант беше предводник на тимот со 22 поени (3/7 за три), три скока и шест асистенции, три поени помалку постигна Деанџело Расел,а Џулиус Рендл оствари ’дабл дабл’ од 14 поени и исто толку скокови.

Кај Милвоки, кој во неделата ја прекина неверојатната серија на Голден Стејт, најпрецизен беше Мајк-Картер Вилијамс со 19 поени.

Кливленд славеше над Бостон (89:77). Леброн Џејмс постигна 24 поени, а Кевин Лав 20 за Кливленд, додека тројца играчи на Бостон )Краудер-Бредли-Томас) заедно постигна 43 поени, од 77-те на тимот.

Џејмс Харден реализираше 33 поени (10/18 од игра), имаше и седум скока и шест асистенции, но не доби поддршка од соиграчите, поради што Хјустон загуби во Сакраменто со 107:97. Демеркус Казинс и Руди Геј беа најдобрите играчи во редовите на Сакрамнето. Казинс имаше учинок од 26 поени и 12 скокови, а Геј заврши со 17 поени и 13 скокови.

Денвер против Минесота стигна до 11-та сезонска победа. Ренди Фој и Кенет Фарид постигнаа по 19 поени во триумфот на Денвер 112:100. Кај Минесота четворица играчи постигнаа двоцифрен број на поени, а најефикасен беше Ендрју Вигинс со 23 поени