Петровиќ го освои фјучерсот во Скопје

Српскиот тенисер Данило Петровиќ го освои првиот фјучерс турнир во Скопје. Петровиќ кој беше поставен за прв носител на турнирот, во финалето го победи Алерксандер Милер од Франција со 6-3, 4-6, 7-6.

Image (11)

Првиот од трите фјучерс турнири кој ќе се одржат во Скопје, во игра на двојки го освоија Македонецот Томислав Јотовски и Бугаринот Александар Лазов.

Инаку, на терените на „Тенис Парк“ кој се наоѓа во склоп на СЦ „Јане Сандански“, во понеделник ќе започнат квалификациите за вториот фјучерс.