Полицијата спречила терористички напад планиран за стартот на Бундес-лигата

Германската полиција успеала да спречи терористички напад кој бил планиран за стартот на новата сезона во Бундес-лигата. Уапсено е 24-годишно момче за кое се сомнева дека е член на ИСИС и дека планирал напад на стадион за време на премиерното коло од новата сезона во германскиот фудбалски шампионат.

policija-terorizam-615x400

Полицијата успеала да добие информации од анонимен затвореник од Гелзенкирхен.

„Можеме само да потврдиме дека е разбиена терористичка ќелија која планирала напад на стартот на Бундес-лигата, но ние тоа го спречивме“,изјавија од Министерството за внатрешни работи на Германија.