Препознајте ги знаците на депресија

Секој понекогаш има лош ден и умерено ниво на стрес, што е нормално. Тоа помага да се подготвите за предизвиците што животот ги става пред вас и да се мотивирате да ги постигнете целите што сте си ги поставиле.

Explaining-Depression

 

Ако овие знаци траат подолго од неколку недели, а вие не можете да ја сфатите причината, можеби страдате од депресија и треба да разговарате со својот лекар:

1. Цело време имате краток фитиљ со испади на краткотраен бес, обично изразен кон најблиските.

2. Мали работи ви го расипуваат расположението.

3. Го занемарувате својот изглед или работата, иако претходно бевте педантни, или станавте перфекционист и сте лошо расположени.

4. Пушите и пиете повеќе од порано, а земате и повеќе лекови.

5. Се грижите за некој проблем дури и кога не можете да влијаете на него.

6. Тешко ви е, ви недостига воздух и имате потреба да избегате од некои ситуации, кога тоа не е соодветно.

7. Имате проблеми со спиењето или спиете цело време.

8. Воопшто немате апетит или премногу јадете.

9. Плачете без никаква причина.