Променете ги навиките и заштитете го телото од стареење

Веројатно ќе бидеме први кои што јавно ќе признаат дека секојдневната нега на лицето која што подразбира миење и хидратација е исклучително исцрпувачка, но ако сакате да се изборите со знаците на стареењето, крајно време е да започнете да се грижите за целото тело.

telo_stareenje_naviki

 

Да, процесот на стареење е и тоа како возможно да се забави ако на време започнете со нега на вистинскиот начин и ако започнете да живеете со здрав животен стил и тоа според советите на дерматологот Рејчел Назаријан.

1. Хидрирајте го целото тело, секој ден

Во најмала рака ова би требало да го правите еднаш дневно, но два пати би било совршено. Природната способност кожата да ја задржува влажноста со годините слабее, а при секое туширање се отстранува слојот од природни масла на кожата. Хидрирајте ја кожата веднаш после туширањето и тоа додека кожата е сè уште влажна, бидејќи токму тогаш хранливите состојки полесно продираат во кожата.

2. Правете пилинг еднаш неделно

Ако пилингот го правите ретко, или никогаш, им дозволувате на мртвите клетки да се натрупуваат и така да ја нарушат мекоста на кожата и сјајот кој што го посакувате. Покрај тоа, препаратите кои што ги мачкате ќе имаат послаб ефект, па токму затоа практикувајте да правите пилинг еднаш неделно, но никако почесто од тоа, бидејќи може да предизвика иритации.

3. Внимавајте на навиките при туширањето

Ако се туширате со премногу жешка вода или пак се туширате премногу долго, тоа никако нема добро да ѝ се одрази на вашата кожа. Врелата вода и сапунот може да бидат брутални по кожата, па не само што ќе ги потенцираат знаците на стареење туку и во голема мера ќе ја исушат.

4. Пијте многу вода

Не заборавајте дека кожата е орган, и тоа најголем на целото тело, а на неа во голема мера влијае токму она што го внесувате во себе како и она што го мачкате на себе. Најмалку еден литар вода дневно е неопходен за зачувување на здравиот изглед на кожата и ублажување на знаците на стареење.

5. Јадете здраво и избалансирано

Ова не само што ќе ви помогне да ја добиете посакуваната линија, туку и вашата кожа ќе направи да изгледа блескаво и ќе ги корегира сите оштетувања од претходно. Покрај многу вода, се препорачува храна богата со омега 3 киселини, бидејќи добрите масти помагаат во одржување на здравјето на кожата, а храната богата со антиоксиданти (зелен чај, калинка, бобинкасто овошје) помага при предвремено стареење.

6. Вежбајте колку што е можно повеќе

Ова е една од тајните на секогаш младешкиот изглед на Џенифер Лопез. Вежбањето докажано го забавува процесот на стареење на кожата, што се одликува со намалување на брчките и зголемена затегнатост на кожата која што со текот на годините станува сè поопуштена.

7. Посветете им најголема грижа на оние делови кои што ви се најзначајни

За жените најчесто е најважен изгледот на лицето, рацете, вратот, деколтето, бутините и нозете, а важно е да знаете и дека секој дел од од телото донесува различни проблеми. На пример, ако кожата на вашите нозе има дамки од сонце, или пак кожата на лицето ви е премногу опуштена, побарајте соодветни препарати кои што се конкретно наменети за тој проблем.