Ракот на кожата е поопасен во текот на бременоста

Меланомот, најтешкиот облик на рак на кожата, е уште поопасен доколку биде дијагностициран во текот на бременоста или во првата година по породувањето, покажа американско истражување чии резултати се објавени во списанието Journal of the American Academy of Dermatology.

Image
Жените на коишто малигниот меланом им е дијагностицира во текот или непосредно по бременоста, подложни се на значително поголем ризик дека туморот ќе им метастазира на другите органи. Поверојатно е и дека таа болест ќе им се поврати по лекувањето, се наведува во споменатата студија. За жал, поголема е и можноста од меланомот и да се почине, констатираат научниците.

„Истражувањето покажа дека жените кај кои заболувањето е дијагностицирано во текот на бременоста или непосредно по породувањето, имаат меланоми со поголем ризик“, вели др Џефри Фрама од Центарот за кожна онкологија во Филаделфија.

Студијата се темели на податоците коишто се однесуваат на 462 жени. „Иако примерокот е релативно мал, верувам дека тие пациентки треба повнимателно да се прегледуваат кои е во прашање оваа болест“, додава др Фарма.

Иако студијата не испитува зошто бременоста влијае врз ширењето и исходот од меланомот, можно е причина за тоа да се флуктуациите на хормоните и послабата активност на имуно системот во тој период, што погодува туморите да се размавнат, смета, др Брајан Гастман, шеф на одделот за хирургија на меланоми во клиниката во Кливленд.

Во истражувањето учествувале жени помлади од 50 години, кај кои е дијагностициран меланом во фазите 0 или 1. Утврдено е дека кај жените кај коишто меланомот е откриен во текот или непосредно по бременоста, болеста по лекувањето се повратила во 12,5 отсто од случаите, во споредба со 1,4 отсто кај другите. Метастазите во првиот случај се регистрирани кај 25 отсто од пациентките, а во другиот кај 12,7 проценти. Секоја петта жена кај која овој облик на рак на е дијагностициран во бременоста починала, во споредба со секоја десетта во другите случаи.

Резултатите сугерираат дека лекарите на бремените жени би требало да им препорачуваат да бидат крајно внимателни во поглед на негата и хигиената на својата кожа и секоја промена или абнормалноста да ја пријават на лекарите, се заклучува во студијата.