Рајковиќ нов тренер на МЗТ

Кошаркарскиот шампион на Македонија и учесник во Еврокупот во новата сезона, МЗТ Скопје, на прес конференција го престави новиот тренер Емил Рајковиќ. Рајковиќ во МЗТ доаѓа од Полска, каде работеше изминатите две години, а на функцијата го наследи Александар Јончевски кој ќе остане во стручниот штаб на „штрковите“.

Image

„Задоволен сум што и официјално го преземам функцијата шеф на стручниот штаб на МЗТ Скопје. И претходно постоеше интерес за соработка, но моите обврски не го дозволуваа тоа. Голема чест преставува тоа што ќе го водам клубот во АБА лигата и во Еврокупот, каде не очекуваат сериозни предизвици. Форматот на Еврокупот е таков што од 24 екипи кои учествуваат 16 се поранешни евролигаши. Целта ќе ни биде да ги освоиме домашнитѕе титули, во АБА лигата да биде во горниот дел од табелата, а Еврокупот да го искористиме за да направиме што е можно подбар пласман во АБА лигата. Учеството во Еврокупот е голем чекор за развојот на македонската кошарка“, рече на Рајковиќ.

Она што го очекува новиот тренер на МЗТ на почетокот на работата во клубот е составување на тимот со кој ќе треба да ги оствари зацртаните цели.

„Кога е составот во прашање тука стартуваме од нула. Приоритет за мене е да клубот да го задржи Дамјан Стојановски. Со него преговорите се започнати“, дополни Рајковиќ.

Тренерот на МЗТ, на почетокот на сезоната го очекува пеколен распоред, покрај мечевите во Европкупот, гостувањето кај Уникаха и дуелот со Зенит, во АБА лигата во првите три кола МЗТ се среќава со Црвана ѕвезда, Партизан и Цедевита.