Рекордно ниски температури на Тајван, речиси 100 мртви

Најмалку 85 луѓе починаа за време на викендот на Тајван заради рекордно ниските температури, објавија тајванските медиуми во понеделник.

Image
Причина за смртта во повеќето случаи била настинка или срцеви проблеми предизвикани од студениот бран што го погоди ова подрачје.

Во Тајпеј во недела беа измерени 4 степени над нулата, што е најниска температура забележана последните 44 години, објави во понеделник централната државна метеоролошка станица.