Роналдо полуде од прашањата на италијанските новинари

Кристијано Роналдо ја напушти прес конференцијата во пресрет на натпреварот со Рома, не сакајќи да одговара на провокативните прашања на италијанските новинари.

Image

На Португалецот не му се допаднале инсинуациите дека не е толку ефикасен на гостински терен и дека нема добра соработка со Карим Бензема и Герет Бејл.

„Тоа е ваше мислење, тоа вие го пишувате. Кажи име на еден играч кој постигнува повеќе голови во гости од мене во Шпанија? Не можеш, затоа што таков играч не постои. Чао“, рекол Роналдо и го напуштил прес центарот.

„Кога бев во Манчестер Јунајтед со Пол Скол, Рајан Гигс и Рио Фердинанд се поздравував само наутро и навечер, а делувавме скалдно на теренот“, дополнил Португалецот.

Реал Мадрид, во среда, ќе и гостува на Рома во првиот осминафинален меч во Лигата на шампионите.

„Дали ние сме фаворити? Секогаш сме, во секое натпреварување, имаме освоено повеќе трофеи од било кој друг тим. Сега не очекува одличен тим кој ќе игра пред своите навивачи, ќе биде тешко, но очекувам добар меч“, рекол Роналдо, пред да ја напушти прес конференцијата.