Русите го признаа допингот и во помладите категории

Поранешниот генерален директор на Антидопинг агенцијата на Русија Рамил Хабриев рекол дека земјата има сериозен проблем, откривајќи дека во малдите категории 40 отсто од направените тестови биле позитивни.

Image

„Прашањето за допинг во Русија е акутно и ние не можеме да го негираме. Тоа само покажува дека проблемот е сериозен. Околу 40 отсто од тестовите во малдинскиот спорт се позитивни, што е алармантно“, изјавил за руските медиуми Хабриев.

Атлетската федерација на Русија, претходно, доби суспензија од меѓународните натпревари поради распростанетоста на допингот и ќе мора да направи сериозни реформи доколку сака атлетичарите од оваа земја да учествуваат на Олимписките игри во Рио де Жанеиро.

Исто така, во четвртокот, четворица кревачи на товар се супендирани откако ’паднаа’ на допинг тестовите на Светското првенство.

Хабриев, кој на почетокот на овој месец, го напушти директорското место, рекол дека Русија, во споредба со другите земји, има најмногу позитивни допинг тестови.