САД: заврши протестот на демократите за контрола над оружјето

 

Демократските пратеници го завршија во четвртокот протестот поради недостигот од иницијатива околу носењето мерки за контрола над огненото оружје, откако на 25 часа го „окупираа“ подот на Претставничкиот дом, порачувајќи дека во јули ќе направат уште пожестока „седенка“.

Image (3)

Пратениците седнаа на подот пред подиумот за претседавачот, непосредно пред почетокот на седницата која овој ја прекина бидејќи „не постојат услови за работа“.

Пратеникот Сени Хојер, втор човек на демократите во домот, изјави дека пратениците сега ќе се вратат во своите окрузи и ќе продолжат да ги спроведуваат активностите кои би дoнeле поддршка за носење на новиот закон.

Конгресменот Џон Луис, кој ја водеше акцијата на демократите, порача дека борбата продолжува и дека ќе „победи“. „Луѓето се со нас, и тоа не само во нашите изборни единици, туку луѓе ширум Америка и светот“,рече Луис.

Акцијата на демократите дојде во време кога зајакнаа повиците во јавноста за носење построг закон за набавка и носење оружје, по масовното убиство во Орландо кога следбеник на Исламската држава со слободно купено оружје уби 49 луѓе.

Во Сенатот во понеделникот не минаа четирите иницијативи, две од мнозинските републиканци и две од демократите, за построги мерки за оружјето, меѓу кои и за забрана за продажба на оружје кои се на листата лица на кои не им е дозволено да управуваат со авиони, поради сомневања за врски со тероризам.

макфакс