Сириски амбасадор: Нападот врз болницата го извршија американски авиони

Воздушните напади врз сириската болница која ја управувате Лекари без граници ги изведе американското воено воздухопловство, изјави во понеделник сирискиот амбасадор во Москва.

Image
Агенциите во понеделник пред пладне јавија дека пет проектили ја погодиле детската болница во Азаз на северот на Сирија, при што се убиени најмалку 14 цивили, а во нападот врз болницата на Лекари без граници во Марат ал Нуман на северозападот на земјата убиени се најмалку девет лица.

„Ја уништи американското воено воздухопловство. Руските воздушни сили со тоа немаат ништо“, изјави амбасадорот Риад Хадад.