Сите членови на бендот Viola Beach загинаа во сообраќајка

Четворицата членови на британската инди група Viola Beach и нивниот менаџер загинаа во сообраќајна несреќа во саботата утрото во Шведска, објавија медиумите во неделата.

Image

Нивниот автомобил, од засега непознати причини, од мостот во близина на шведската престолнина Стокхолм слетал во 25 метри длабокиот канал.

Загинаа членовите на групата Viola Beach и менаџерот, сите на возраст меѓу 20 и 35 години.

Групата во петокот навечер свирела на фестивал во Шведска и членовите се враќале на закажан концерт кој требаа да го одржат во саботата во Англија.

Групата минатата година го издаде својот прв сингл под наслов „Swings and Waterslides“ и настапи на големите фестивали во Лидс и во Рединг.