Стеван Јоветиќ ќе заврши во Наполи?

Црногорскиот репрезентативец од редовите на Интер, Стеван Јоветиќ би можел да биде ново засилување за Наполи. Имено, агентот на „Јо-Јо“, Фали Рамадани ги остварил првите контакти со претседателот на „наполитанците“, Аурелио де Лаурентис и следните неколку денови ќе бидат одлучувачки за судбината на Јоветиќ.

Jovetic-615x400

Наполи интерес покажа и за Мауро Икарди, но неговите високи барања и големата сума што Интер ја бара се неприфатливи за клубот, а Јоветиќ во моментов е поевтина опција од Икарди.

Јоветиќ своите најдобри партии ги покажа во Фиорентина, а трансферот во Манчестер сити беше чекор назад во кариерата, и може да се случи во наредните денови тој да го облече дресот на тимот од Неапол.