Топол бран со температури до 41 степен

Топол бран со температури до 41 степен Целзиусов, ја очекуваат Макеоднија во следните денови, особено за продолжениот викенд.

Image (12)

Во наредните денови нашето подрачје ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса од југ која ќе предизвика сончево и многу топло време. Најтопло ќе биде за време на продолжениот празничен викенд, кога на повеќе места температурата на воздухот ќе надмине 35 степени, а вдолж Повардарието ќе достигне и 40 степени Целзиусови, информираат од Хидрометеоролошкиот завод.

Времето денска, до крајот на денот ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со локална појава на дожд. Попладне нестабилно на места со пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 28 степени Целзиусови.

Во среда, во Скопје и околината, максималната температура ќе достигне 30 степени Целзиусови, а најтопло ќе биде во Гевелија со температура до 32 степени. Ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен ветар од западен и југозападен правец.

Прогнозата за четврток е дека температурите ќе се искачат до 36 степен, во петок до 39 степени, а во сабота најтопло до 41 степен. Во недела и во понеделник продолжуваат високите температури до 40 односно 39 степени Целзиусови.

макфакс