Убиен репрезентативец на Хондурас

Фудбалскиот репрезентативец на Хондурас, Арнолд Пералта, е застрелан од заседа пред еден трговски центар. Во Пералта пукал маскиран напаѓач кој бил на моторцикл, несреќнот фудбалер починал на самото место.

Image

Пералта пет години играл во клубот Виде, а во 2013 година потпиша договор со Глазгов Ренџерс. Од Шкотска се врати во јануари оваа година, кога се вратил во Хондурас потпишал договор со Олимпија.

За националниот тим дебитирал пред четири години, а одиграл вкупно 24 натпревари. Се наоѓал на спискот на играчи за натпреварот помеѓу Хондурас и Куба.