Универзални трикови со кои ќе го освоите

Секој маж е приказна за себе, но постојат неколку универзални трикови кои ќе ви помогнат што полесно да дојдете до неговото срце. Понекогаш, тоа што мислиме дека е вистинското, всушност може погрешно да се покаже.

vrska-ljubov-par

 

Прочитајте ги следниве трикови кои ќе ви помогнат полесно да го освоите неговото срце.

Тој обожава кога вие уживате во вечерата

Мажите сакаат жени кои се луди по храната, а не дами кои велат дека не се гладни, а потоа со поглед ја јадат вечерата на партнерот.

„Жените со здрав апетит за храна имаат здрава желба и за други работи“- објаснува д-р Бартон Голдсмит, автор на книгата „Емоционален фитнес за парови: Десет минути дневно за подобра врска“.

Тој ги обожува вашите испади

Можеби тоа не е начин како треба една дама да се однесува, но ако одвреме навреме во негово присуство пцуете или знаете да се насмеете ептен гласно, тоа може да ја поправи сликата за вас.

„Мажите сакаат жени кои можат да бидат цврсти и полни со самодоверба, и сè додека ги знаат границите на дозволеното однесување, тоа е позитивна работа“- вели д-р Илјан Кернер.

Тој обожува што не сте опседната со уредноста

Верувале или не, мажите уживаат кога девојките прават мал неред, било да се работи за хаосот кој владее во вашиот несесер или кујната.

„Мажите сакаат жени кои не се трудат премногу. Немојте да го трошите времето за средување пред излегувањето или за уредување на станот. Тој ве сака во вашето природно издание, тогаш кога ви е најудобно“- вели д-р Кернер.

Тој ги обожува вашите вишок на килограми

Веројатно веќе сте слушнале дека мажите сакаат девојки со облини. Истражувањето спроведено на Универзитетот во Тексас покажа дека мажите најмногу ги сакаат жените чие тело има форма на песочен часовник.

Тој обожува што вие знаете сè за работите што ги сакате

Без разлика во кое хоби уживате, дали учите странски јазици или страсно собирате некои колекции, мажите ја сакаат посветеноста на жените.

„Станува збор за значајни работи, а не за нешто со кое сакате да го импресионирате. Што повеќе вие растете како личност, така и вашата врска расте“- вели Мира Киршенбом, авторка на книгата „Викенд брак“.

Тој обожава да го чешкате по глава

Освен што мажите уживаат да ги откривате нивните ерогени зони, тие уживаат и во едноставното чекање по глава. Имено, токму тука се сместени илјадници нервни завршетоци чие надразнување произведува вазопресин, хормон кој влијае на чувството за релаксирање и задоволство. Кога се трудите да го задоволите и со вакви малечки работи, испраќате порака дека го сакате онолку колку што и тој ве сака и дека навистина се грижете за него.