Фудбалерите на тест во Копер

Фудбалската репрезентација на Македонија, во среда, против соодветната селекција на Словенија, во Копер ќе одигра контролен натпревар.

Image

Македонската селекција има позитивен скор во дуелите со Словенија, иако сите досега одиграни натпревари биле пријателски. Три пати се соочувале досега овие две селекции, Македонија има забележано три победи со гол разлика 9-3.

„Најважно што фудбалерите се здрави, немаме проблеми сите се на располагање. Ме радува што работиме во одлична атмосфера, фудбалерите се желни за настап и очекувам добра игра и позитивни резултати. Ќе форсирам претпознатлив стил на игра, добро знаете дека преферирам офанзивна игра. Ќе влеземе во натпреварот да се добие, со единствена цел, и тоа ќе го барам од фудбалерите, изјавил селекторот  репрезентација, Игор Ангеловски.

Дуелот во Копер ќе започне во 18 часот.