Харден го сруши Вашингтон

Десет натпревари се одиграа во НБА, во ноќта помеѓу средата и четвртокот. Бостон во дербито на Истокот славеше над Чикаго (105:100), а Торонто му го нанесе петтиот пораз во сезоната на Сан Антонио. Минесота и Лејкерси одиграа две продолженија, а Џејмс Харден со 42 поени го сруши Вашингтон.

Image

Торонто, по поразот од Голден Стејт, успеа да слави над второпласираниот тим на Западот, Сан Антонио Спарс со 97:94. Бековската двојка Демар Дерозан (28 поени, 4 скока, 6 асистенции) и Кајл Лаури (19 поени) го предводеа тимот на Торонто. Кај Сан Антонио најефикасни беа Ману Џинобили со 17 и Ламаркус Олдриџ со 13 поени.

Бостон против Чикаго стигна до 13-та победа во сезоната. Ајзеа Томас постигна 20 поени во триумфот 105:100, додека на Чикаго не му помогнаа ниту 36 поени на Џими Батлер. На овој меч осуммина играчи на Бостон постигнаа десет и повеќе поени.

Во најнеизвесниот натпревар Минесота по две продолженија славеше над Лејкерси (123:122). Кевин Мартин постигна 37 поени, а Карл-Ентони Таунс имаше учинок од 26 поени и 14 скокови. Данџело Расел со 23, односно Џулиус Рендл со 20 поени и 12 скокови ги предводеа Лејкерси кои имаат само три победи на одиграните 22 натпревари.

Феникс, во Орландо, ја забележа втората победа во низа. По триумфот во Чикаго, Феникс ’тесно’ победи и во Орландо (107:104). Ерик Бледсо со 21 поен беше најекспонираниот играч на Феникс, додека Орландо го предводеше Никола Вучевиќ со 21 поен и 11 скокови.

Џејмс Харден блескаше во триумфот на Хјустон во Вашингтон (109:103). Харден натпреварот о заврши со 42 поени, девет скокови и седум асистенции. На спротивната страна одличен беше Џон Вол (26 поени, 9 скокови, 12 асистенции).

Атланта успеа да надополни седум поени негатива во финишот и да забележи победа над Далас (98:95). Пол Милсап со 20 поени и 11 скокови ги предводеше ’јастребите’, додека кај Далас шестмина постигнаа двоцифрен број на поени, најефикасен беше Дерон Вилијамс со 18 поени, а Заза Пачулија имаше учинок од 11 поени и 17 скокови.

Крис Пол забележа ’дабл дабл’ од 18 поени и 18 асистенции, а ЛА Клиперси славеа над Милвоки (109:95). Шарлот триумфираше над Мајами со 99:81 за 13-та победа во првенството, а Јута убедливо славеше над Њујорк со 106:85.