Харисон Форд докажа дека е на страната на доброто

Кожната јакна која Харисон Форд како Хан Соло ја носеше во „Војната на ѕвездите“ ќе биде продадена на аукција за помош во истражувањето на епилепсијата.

Image
Форд(73) ја потпиша и ја донираше јакната на Хан Соло што ја носеше во седмото продолжение на серијалот „Силата се буди“, за да помогне во собирањето пари за истражувањата на епилепсијата.

Славниот актер неодамна објави дека неговата ќерка Џорџија(26) пати од таа болест.

„Се надевам дека ова јакна ќе обезбеди дополнителни средства за истражување. Спротивно од циничниот Хан Соло, имам добро чувство кога станува збор за вакви работи“, рече Форд.

Почетната цена е 33.000 долари, а интернет аукцијата трае до 11 април.