Хрватска ќе ја затвори границата доколку тоа го направат Австрија и Словенија

Доколку Словенија и Австрија го затворат границите, истото ќе го направи и Хрватска, изјави во понеделникот лидерот на ХДЗ, Томислав Карамарко, кој во новата влада треба да биде заменик премиер.

Image

 

„Такво нешто ќе направиме и ние. Тоа е домино ефект кој цела Европа ќе мора да го испочитува. Што ќе правиме со толку мигранти ако другите држави не ги примаат“, рече Карамарко.

 

„Ќе ги примениме ситите методи и средства кои ги применуваат и нашите партиски држави“, рече Карамарко.