Четири жени го превеслаа Тихиот Oкеан

Четири британски веслачки го превеслаа Пацификот од САД до Австралија, станувајќи прв женски екипаж на кој тоа му успеало.

Image
Веслачките патувањето го започнале пред 257 дена во Сан Франциско, а во понеделник стигнаа до Каирнс, во северозападна Австралија. Превеслале 13.592 километра.

Нивниот розев чамец, наречен Дорис, беше долг девет метри, а широк нешто помалку од 2,5 метри. Имаше две веслачки позиции и по една кабина, каде што жените спиеја и одржуваа хигиена.

Четворочлениот екипаж се менуваше на веслата на секои два часа. На копно запреа само двапати, на Хаваите и Самоа.

За време на пловидбата се соочија со тропски бури, вклучувајќи и бранови високи по неколку метри, а чамецот знаеја да го обиколат и ајкули. Извесно време во близина на чамецот друштво им правеше и еден кит.