Четири чести грешки на пластичната хирургија

Не е сè така лесно и едноставно како што изгледа кога е во прашање пластичната хирургија

plasticna-hirurgija

 

Прочитајте за вообичаените споредни ефекти на пластичните операции кои ќе ве шокираат.

БЕЛЕЗИ
Кога се во прашање белезите од големите процедури, како што се липосукцијата или подигнување на градите, многумина веруваат дека сè зависи од вештините на хирурзите. Меѓутоа, тоа всушност се сведува на генетскиот фактор на пациентот. Луѓето со потемен тен и појаки пигменти спаѓаат во категоријата со висок ризик кога се во прашање белезите.

МАСНИТЕ НАСЛАГИ СЕ ПОЈАВУВААТ НА ДРУГИ МЕСТА ПО ЛИОСУКЦИЈАТА
Кога хирургот ќе изврши липосукција, на пример на стомакот, тој отстранува дел од масните ќелии од таа област. Тоа значи дека ако пациентот додаде некој килограм по операцијата, салото ќе се собере во областите кои не подлегнале на лиосукција, бидејќи сеуште имаат 100 проценти масни ќелии (на пример на рацете или бутовите).

ГОЛЕМ ПРОСТОР МЕЃУ ГРАДИТЕ
За имлантите во градите кои не се добро направени обично се криви докторите, но тоа всушност може да биде последица на фактот дека пациентката имала широка или зголемена градна коска, што не се приметувало кога имала мали гради. Всушност е многу чест случај жените да имаат неправилна градна коска или граден кош, поради што четири од десет жени со имланти во градите одат повторно на операција да ги променат.

ИНЕКЦИИ СО БОТОКС ОД ДОКТОР КОЈ НЕ Е ХИРУРГ
Иако делуваат многу поедноставни отколку хируршка интервенција, инекциите со ботокс не би требало да ги дава доктор кој не е хирург, бидејќи е неопходно познавање на анатомија и мускулатура на лице. Ако инекцијата се приближи до јаболчниците на окото, може да влијае на малите мускули кои го контролираат фокусирањето на окото и тоа може да предизвика слепило кое може да трае и до четири месеци.