Божикната премија од најголемата лотарија во Шпанија се падна на повеќе луѓе во градот Рокетас де Мар, додека најголемата награда ја однесе мигрант спасен пред седум години од морето, кој се обидувал да избега од африканските земји во Европа.

Но, само две недели подоцна, втората по големина лотарија во Шпанија, повторно усреќи неколкумина од истиот град.
Среќата им се насмеа на тројца келнери од хотелот Бахиа Серена, во градот кој брои 90.000 жители на брегот на Алмерија.
Лотаријата популарно наречена Ел Нињо, во Шпанија е со втора најголема премија, а овојпат двете добитни ливчиња со бројот 22654 беа продадени на тројцата келнери колеги.
Тие тројца биле добитници и на дел од лотаријата за Божик, наречена Ел Гордо, но не е објавено колкав бил нивниот дел тогаш.
Сега, тројцата келнери Антонио, Пако и Николас ќе поделат 1,2 милиони евра, а по добивката сите се вратиле на работа.
„Нема да се откажеме од работата. Но, добивката ќе ни помогне да затвориме некои
„дупки“, а ќе остане нешто да поделиме и на децата“, вели сопруга на еден од добитниците за El Mundo./