Што треба да запомните за вашата идна врска?

Од секоја врска, без разлика како ќе заврши, може да извлечете нешто корисно, да научите некоја нова лекција и да имате поука. Понекогаш добро е и да ви се случи врска која нема да сакате да ви се повтори, но ќе ве научи како не треба да се однесувате или што не треба да прифаќате.

par_vrska

 

1. Не може да биде еднострано. Не може едниот постојано да се вложува сам, ако од другата страна нема љубов. Она што можат двајца да го добијат од врската, никогаш не може едниот да го доживее сам.

2. Секогаш е комплицирано. Во случај двајцата да се различни или слични, а сепак заедно, секогаш може да биде нешто комплицирано.

3. Мора да се борите за врската. Откажувањето е изневерување на себе, затоа што без разлика што се случува, иднината е непроценлива.

4. Секогаш има добри и лоши моменти. Преживувањето и на едните и на другите треба да ги правите заедно. Поправајте ги работите.

5. Нема ништо чудно во тоа да не сакате исти работи во сексот.

6. Девојките треба да престанат да бидат претенциозно љубезни. Бидете опуштени, оригинални и свои.

7. Има и подобри начини за да уживате во врската, освен сексот. Употребете ја фантазијата.

8. Карактерот треба да ви биде пред убавината, секој ден и во секаква околност. Ако нематате добар карактер, бадијала е убавината која и онака е минлива.

9. Сè мора да биде обострано. Може да не е истовремено еднакво, но никој не треба да заборави дека покрај тоа што го добива, треба и да дава.

10. Кога помислувате дека нешто е погрешно, тогаш навистина е погрешно. Не чекајте сето тоа да се претвори во нешто поголемо и полошо. Соочете се. Вистината може да биде тешка, но избегнете да биде пострашна.

11. Што мислат вашите блиски за партнерот и обратно, сепак е важно, бидејќи тоа има влијание на вашата врска, порано или подоцна.

12. Без разлика на сè мора да најдете начин за да се соочите со длабоките чувства да најдете мир и задоволство во сето тоа.

13. Најдобрата врска е онаа меѓу најдобрите пријатели, кога делите сè меѓусебно.

14. Ништо не е само заради забава или изненадување. Цвеќето е многу моќна алатка.

15. На крајот, ако не успее, не се обвинувајте само себе. Простете си и научете да продолжите понатаму. Инаку би се довеле во неподнослива депресија и мизерија.