Совршени парчиња за топлите денови кои со нетрпение ги очекуваме.
Пролетните трендови полека, но сигурно ги полнат продавниците, а класиката секогаш е добродојдена. Блејзерите, како и изминатите сезони и овој пат го имаат главниот збор во сите тренди комбинации. Без разлика дали преферирате монохроматски или интензивни стилски парчиња, сигурни сме дека ќе го пронајдете својот омилен блејзер за оваа сезона.