Премиера на тетарската претстава „Да го поздравиш и да ми го бациш“

Ни претставува особено задоволство да ја најавиме премиерата на тетарската претстава „Да го поздравиш и да ми го бациш“.

Print

Премиерната изведба е закажана за Петок(01.07.), 21:00 часот, во Џебното кино на Младинскиот културен центар, а по неа следуваат 2 репризни изданија, Сабота(02.07.) и Недела(03.07.) со ист „тајминг“ и локација.

Документарната претстава „Да го поздравиш и да ми го бациш“ е авторско дело на четворица актери и еден режисер. Ја раскажува приказната за растењето, носејќи соништа за себе-остварување и соочување со општествените механизми на функционирање.

MPE_8982

Темите кои се отвараат во претставата (уметноста во себе, надежите, стравовите, борбите за остварување на креативниот потенцијал…) се одраз на личните искуства на актерите и говорат за борбата за индивидуална слобода.

Каков треба да биде тетатарот денес?; Неговото место во опшетството?; Местото на младинците во општетсвото во кое живееме?; Емотивната слика на индивидуалниот внатрешен конфлит помеѓу интутитивното и рационалното; Слика за вакум просторот помеѓу „како сакаме да биде животот“ и „како животот навистина е“; се прашања и дилеми кои актерите на сцена ги поставуваат и бараат начин да ги одговорат.

MPE_9089

Режисер на претставата е Билјана Радиноска, а во претставата настапува одлична, млада актерска екипа: Бојан Кирковски, Наташа Петровиќ, Ненад Митевски, Симона Спировска Костовска.