3 модели на градник што мора да ги имате

Да се најде совршен градник, навистина не е лесна работа. Затоа се препорачува кога ќе најдете некој што ви одговара да го купите веднаш.

gradnik

Освен удобен градник кој дава совршена потпора, секоја жена во својот плакар мора да ги има следниве три основни модели на градници:

Мек градник

Тоа се градниците кои најчесто ги носиме бидејќи се класични, едноставни, и не се оцртуваат преку маиците. Најпрактични се оние во црна и боја на кожа, и секако мора да ги имате барем во два примерока.

Градник без прерамки

Летото е незамисливо без ваков модел на градник. Купете таков што од внатрешната страна ими силиконска лента која ќе го држи градникот на место. Што се однесува на бојата, избертете ја во согласност со тоа какви бои на маички и фустанчиња најчесто носите.

Градник за посебни пригоди

Мора да имате барем еден ваков. Ги има во разни бои, украсени со чипка, карнерчиња, тул, циркончиња… Изборот е огромен. Пронајдете го моделот кој најмногу ви се допаѓа.